Зеќири доби нови 30 денови притвор

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, доби нови 30 денови притвор, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје.

Инаку, тој во притвор во затворот „Скопје“, заврши на 9 април како основен осомничен во истрага што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал за злоупотреба на службената положба и овластувања.