Колев: Блаже Конески ќе остане Џуџето од Небрегово кое го направи народот неписмен

На 5 мај во 1945 година, со решението од тогашната Народна влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а набргу, еден месец подоцна и правописот на македонскиот јазик. Овој процес е свечено заокружен со делата на Блаже Конески – Граматиката, Речниот и Историјата на македонскиот јазик, напиша на својот ФБ профил Претседателот на ГДУ, Петар Колев.

Во објавата Колев додава:
Благодарение на сето тоа денеска пишуваме к’рв со апостров, в’ рв со апостров и т’га за југ со апостров а истовремено со тоа не можеме да прочитаме ниту едно писмо на револуционерите во оригинал или пак автор на поезија и проза кој пишувал пред 1945 година. Со други зборови сме полуписмени субјекти кои неможат да си ги читаат своите дедовци во оригинал.
Затоа Блаже Коневски е и ќе остане џуџето од Небрегово, кое го осакати собствениот народ и го направи полуписмен.