Полицијата трага по две малолетни деца во Скопје

0
102

Полицијата трага по две малолетни деца за кои има пријави дека се оддалечиле од домовите.

– На 19.02.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопшти полицијата.

– На 19.02.2024 во 16.15 часот во Полициското одделение Мирковци, Љ.К.(53) од село Кучевиште, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка И.К.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР за другиот случај.