Три лица се повредени при судир меѓу „пасат“ и „бмв“ во Битола.
Како што соопшти полицијата, вчера во 19.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(68) од Битола и патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ П.Ч.(45), а со телесни повреди се здобиле возачот М.А. и сопатник А.Х.(29) сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.