ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи за кандидатите за претседател на државата

0
61

Од утре, 25 февруари 2024 година, Државната изборна комисија на својата веб страна, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Македонија.

„Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира“, информира ДИК.

Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на иницијативи за кандидирање за претседател на државата собираат потписи за кандидати.

Заклучно со 23 февруари 2024 година, бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат е следен:

1. Вело Марковски 98
2. Билјана Ванковска Цветковска 1105
3. Томе Николоски 0
4. Бујар Османи 3261
5. Господин Поповски 0
6. Максим Димитриевски 1594
7. Стевчо Јакимовски 658
8. Ѓорѓи Манасков 21
9. Арбен Таравари 1
10. Мерсиха Смаиловиќ 0
11. Зорица Цветковска 0