(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден, сопругата на Навални ја нарече Јоланда

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот се сретна со вдовицата и ќерката на починатиот руски опозиционер Алексеј Навални.

Сепак, тој во изјава за медиумите Јулија, ја нарече Јоланда.

„Но, едно ми е јасно дека Јоланда ќе ја продолжи борбата што ја водеше. Затоа не се откажуваме“, рече тој и многу брзо го напушти местото без да одговори на прашањата на новинарите.

Белата куќа не коментираше за мешањето на името, ниту пак официјалните лица оспорија дека Бајден направил грешка. Срамниот гаф е снимен во официјалниот транскрипт објавен во петокот наутро.

 

извор: fokus.mk