Железници на Индија наредија истрага, откако товарен воз мина повеќе од 70 километри без машиновозач. Снимките на социјалните мрежи покажаат како железничката композиција минува низ неколку станици со голема брзина.
Индиските железници соопштуваат дека возот е запрен и дека нема повредени. Возот со 53 вагони, кој превезувал иверка, бил на пат од Џамуа до Пенџаб, кога запрел во Катуи поради смена на екипажот.
Официјални лица велат дека возот почнал неконтролирано да се движи по железничката пруга, откако машиновозачот и неговиот асистент се симнале на една од станиците.
Според нив, возот се движел со брзина од речиси 100 км./ч. и минал пет станици пред, конечно, да биде запрен. По добивањето на предупредување за неконтролиран воз во движење, вработените во индиски железници ги затвориле сите премини на неговата траса.