Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија Мартин Памер и со амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ.
- „Во однос на македонските патни исправи двајцата амбасадори истакнаа дека нивните држави имаат разбирање за овој проблем и излегуваат во пресрет на македонските граѓани кои можат непречено да го остваруваат правото на слободно движење во Австрија и Хрватска со старите патни исправи, доколку истите имаат валиден рок, за што од моја страна беше изразена голема благодарност“, соопшти Тошковски на Фејсбук.
На средбите се разговарало за функционирањето на техничката Влада и за улогата на Министерство за внатрешни работи во поглед на спроведување фер и демократски изборен процес.