Бројот на живородените деца во земјава во четвртото тримесечје од 2023 година изнесува 4.185 и во споредба со истиот период од претходната година, е помал за 4.5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани е 5.028 лицa, што е за 1.5 % помалку од 2023 година.
Природниот прираст е негативен – 843 лица, што значи за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Во последното тримесечје од минатата година биле склучени 2.824 бракови, за 1.6 % повеќе во споредба со истиот период од 2022.
Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови.