Филмот „Кум“ е криминалистичка драма ремек-дело, во режија на Френсис Копола, а базиран на истоимениот роман на Марио Пузо. Премиерно бил прикажан во 1972 година и оттогаш остана класик во светот на филмската уметност.
Филмот го следи семејството Корлеоне, сицилијанската мафијашка династија со седиште во Њујорк. Главниот лик, Дон Вито Корлеоне (Марлон Брандо), глава на семејството, се соочува со предизвици кога ривалските банди се обидуваат да ја преземат контролата врз нарко-пазарот. Низ низа предавства, интриги и конфликти, филмот ги истражува темите на моќта, семејната лојалност и моралните дилеми.
„Кум е препознатлив по извонредната актерска екипа, импресивната режија и незаборавните дијалози. Марлон Брандо освои „Оскар“ за улогата на Дон Вито Корлеоне, додека Ал Пачино дал исклучително веродостојна интерпретација на Мајкл Корлеоне.
Покрај тоа, филмот е познат по својата музичка тема која ја компонирал Нино Рота, која станала симбол на мафијашкиот живот и криминалистичките драми.
„Кум“ остави длабок и траен впечаток на филмската индустрија. Неговата сложена приказна, ликови и теми продолжуваат да ја интригираат и фасцинираат публиката ширум светот и децении по неговото прво прикажување.
Ви ги претставувавме 10-те лекции кои ги научивме од култниот филм „Кум“.
1. Не ветувајте ако знаете дека тоа ветување не можете да го исполните
Вашиот збор е најважната работа која можете да ја понудите. Не земајте ја здраво за готово. Секогаш прво добро размислете дали можете да го исполните ветувањето. Воопшто не е лошо доколку некогаш кажете „НЕ“ за некое барање (освен ако не е на денот кога се мажи вашата ќерка).
2. Не се мешајте во приватниот живот на другите луѓе
Особено не се мешајте во животот на брачниот пар. Озборувањето или давањето совети за лични работи, треба секогаш да остане нечија лична работа – тоа е приватност која мора да се почитува. Кога Кони и Карло се расправаа додека седеа на маса, Сони се обиде да интервенира, но беше замолчен од госпоѓата Корлеоне „Сони, не се мешај“ – Кармела Корлеоне.
3. Семејството е најважната работа во животот
Крвта не е вода. „Човек кој не поминува време со своето семејство, никогаш не може да стане вистински маж“ и „Единствено богатство на овој свет се децата, поважни од сите пари и сета моќ на светот“ – Дон Вито Корлеоне.
4. Никогаш ништо не правете против своето семејство
Немојте да бидете како Фредо Корлеоне. Без оглед на тоа колку не го сакате своето семејство, тие се сепак ваше семејство. Од почит, никогаш не идете против сопствената крв, освен ако не сте спремни на последиците од отуѓување (или смрт). „Фредо, ти си мојот постар брат и јас те сакам. Но, немој никогаш да одиш против семејството. Никогаш“ – Мајкл Корлеоне.
5. Никогаш не реагирајте додека сте емотивни
Делувајте откако во главата ќе ги размислите сите можни последици. Мислете мудро и дипломатски. Емоционалните испади како оние на Сантино „Сони“ Корлеоне, кои на крајот го доведоа до дното, заборавете ги. Зошто? Бидејќи стана предвидлив. Немојте никогаш да станете предвидливи. „Никогаш не ги мразете своите непријатели. Тоа влијае на вашето расудување“ – Мајкл Корлеоне.
6. Пријателите држете ги блиску, а непријателите уште поблиску
Со едно око секогаш внимавајте на вашите непријатели, а животната партија шах играјте ја прецизно, посветено и тактички. Задржете ги добрите односи, бидејќи во спротивно нема да можете да се вратите во игра. Особено во јавноста. Кога Мајкл Корлеоне го заплашуваше сенаторот Пат, тој едноставно одговори: „Мојата понуда е ова … ништо“. Тој го задржа сенаторот во својот круг и на крајот го држеше во рака.
7. Воспоставете пријателства од почит, работа и доверба
Семејството не можете да го бирате, но пријателите можете. Земете ги предвид предностите кои одредено пријателство може да ви ги донесе. Исто така, земете ги предвид и недостатоците. „Пријателството е сè. Пријателството е повеќе од талент. Тоа е повеќе од влада, скоро еднакво на семејство“ – Дон Вито Корлеоне.
8. Вашата работа мора да остане приватност. За работата дискутирајте само со членови на семејството
Мајкл Корлеоне: „Немојте да ме прашувате за мојата работа“. Не расправајте за својата лична или семејна работа со странци. Никогаш не се знае кој ќе ги искористи тие податоци за своја корист или за своја лична придобивка.
9. Дрогата е непосакувана
Дури и криминалците имаат листа на непосакувани работи, а дрогата е на врвот. Продавањето на дрога го руши јавниот имиџ на некои. „Вистина е дека имам многу пријатели во политиката, но тие не би биле така пријателски настроени да знаат дека продавам дрога наместо коцкање, што го сметаат за безопасен порок“.
„Но дрогата, тоа е валкана работа“ – Дон Вито Корлеоне.
10. Криминалците на важни позиции се најмоќните криминалци
Од Вол Стрит до Беј Стрит, меѓународните инвеститори и политичари и луѓето на високи позиции може да создадат поголем хаос и да влијаат врз нивното семејство на многу полош начин од просечниот криминалец. Така, образованието и работата се вашите начини за движење нагоре, во погорните класи од општеството. Тоа е животна лекција што мора да ја прифатите ако сакате да станете успешни и моќни. Просечниот уличен криминалец нема да се прослави во големата шема на бизнисот.
„Адвокатот со чанта може да украде повеќе пари отколку човекот со пиштол.“ – вели Марио Пузо.
11. Насилството е последна опција
Во текот на приказната „Кум“ ја пренесува пораката за претпочитање на дипломатијата наместо насилството. По започнувањето на војната, животите се изгубени, работата трпи загуби.
„Не сакам насилство, Том. Јас сум бизнисмен. Крвта е голем трошок.“ – вели Солозо.
12. Никогаш не барајте нешто за возврат ако прво не ги понудите вашето пријателство и почит
Кога ќе побарате нешто од некого, направете го тоа со почит и понудете го вашето пријателство и лојалност за возврат. Во спротивно, ќе се сметате за слабак, несигурен и недоверлив човек. „Сега ти доаѓаш кај мене и ми велиш: ’Дон Корлеоне, подари ми правда‘. Но, не ми побара правда со почит. Не ми понуди дури ниту пријателство, не ни размисли да ми се обратиш со „Куме“. Наместо тоа, ми дојде во куќата, на денот на венчавката на мојата ќерка, и бараш од мене да убијам некого за пари“, Дон Вито Корлеоне.
13. Изградете силна заедница
Помогнете им на другите и помошта ќе ви биде возвратена. Имајте и почит. Дон Вито Корлеоне изгради силна империја врз силната заедница. Тој им помогна на соседите и пријателите и се стекна со голем углед.
„Еден ден, и тој ден можеби никогаш нема да дојде, ќе побарам услуга од вас.“ – Дон Вито Корлеоне.
14. Не сфаќајте ги нештата премногу лично
Понекогаш, само треба да имате на ум дека „тоа не е нешто лично, тоа е дел од работата.“ – како што вели Мајкл Корлеоне.
tocka.mk