Собраните средства од хуманата лицитација заедно со златната бубамара, денес беа предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и не замоли “бубамарата” да стигне кај Лео, се со цел да го потсетува дека не е сам.
Досега само од донации (не се искалкулирани телефонските донации) се собрани околу 80.000 евра, и се надеваме дека со нив ќе ја затвориме сумата која е потребна за неговото лекување во Австрија.
Тука нема да застанеме, и заедно со сите вас ќе застанеме до Лео и неговата фамилија, со што ќе докажеме дека сме сплотени кога е најпотребно.
Во име на Лео и неговата фамилија,
Фала ви од срце,напишаа од ДНК.