Најава за вистинска зима на Балканот, многу снег во првата декада од март

Најновото ажурирање на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF, во превод Европски центар за среднорочна прогноза) црта многу снег на Балканот, како и многу ниски минусни температури, кои би биле потпросечни за март месец уште во првата декада од истиот месец, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.