Ужас во Германија: Војник уби четири лица, меѓу кои и едно дете

0
192

Војник на германски Бундесвер е осомничен дека застрелал четири лица во областа Долна Саксонија, пред да се предаде, објавија денеска локалната полиција и обвинителството.

ДПА пренесува дека меѓу загинатите има и дете, кои беа пронајдени претходно утринава.

Убиствата се извршени на две места, едно во куќа во Вестервезеде, во општината Шешел, и едно во Ботел во областа Ротенбург.

Осомничениот сторител се предал по нападот, што го извршил доцна синоќа, по што бил уапсен, соопштија истражителите за ДПА.

Полицијата соопшти дека „не може да исклучи некаков домашен проблем“ како мотив за злосторството. Во областа е распореден голем број полицајци.

Извор: МИА
фото:ДПА