Со одлука на директор Бени од МКЦ отпуштени 30 хонорарци, затворено е кафулето, откажани се сите настани до крај на изборите

Од денес, со одлука на директорот на МКЦ Арбен Шаќири, институцијата повеќе не може да ги извршува своите дејности поради отпуштање на 30 лица кои хонорарно биле ангажирани, некои и со повеќегодишни договори, а повеќе нема да се организираат настани се до завршувањето на изборниот процес, или поточно нема да се реализираат во нормални услови или со нормален капацитет како во регуларна ситуација, велат за „Република“ извори од МКЦ.

Oдлуката е базирана врз писмо со препорака доставено до МКЦ од страна на Комисијата за спречување на корупција во која се вели дека во тек на изборниот процес не смее да се склучуваат договори со кои би се злоупотребиле буџетски средства.

Во суштина, договорите кои се прекинати воопшто не се поврзани со користењето на буџетските средства, туку се однесуваат на соработници кои генерираат приход и истите соработници се исплаќаат од генерираниот сопствен приход, објаснуваат тие.

Исто така, од денес во МКЦ повеќе нема да се ангажираат лица за предавања во Планетариумот, лица за реализација на програмските активности (технички лица и орагнизатори на настани), кафулето е целосно затворено, затворена е и Апотеката, додека киното „Милениум“ ќе работи со преполовена дејност.

Текстот во целост на: „Република“