Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово од претседателството изјави дека поддржува нови избори.
На седницата на Претседателството на Српската напредна странка, која започна денеска во 12 часот, беше одлучено да се оди на нови белградски избори. Тоа значи дека белграѓани повторно ќе излезат на гласање, каде повторно ќе ги изберат своите претставници во Собранието на град Белград.
Инаку, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово од Претседателството изјави дека поддржува нови избори .
Зборував со победничката листа во Белград, мој совет е, иако знам дека го имате мнозинството, да ја негуваме демократијата заради нас и да одиме на нови избори, бидејќи подобро е да изгубиме отколку да учествуваме во кражба на избори како во 2008 година – рече Вучиќ.
Веднаш по завршувањето на седницата се планирани изјави за медиумите.