Цртежи од египетска митологија пронајдени на ѕидовите каде беа најдени телата на децата – Сектолог за можното значење на симболите вели: „Дај Боже да грешам“

0
144

Цртежи од задгробниот живот од египетската митологија биле пронајдени на ѕидовите од куќата во Петроварадин каде се пронајдени безживотните тела на децата, пишуваат српските медиуми, објави press24.mk.

По информациите дека на ѕидовите во куќата каде што беа пронајдени безживотните тела на децата на возраст од една и три години имало симболи од египетската митологија, како и дека полицијата и обвинителството ги истражуваат наводите дека родителите Л.П.С. и М.П.С. кои скокнаа од зграда биле членови на секта, за „Телеграф“ зборуваше и сектологот, Димитрије Пастуовиќ.

Тој се сомнева дека овој случај е наводно еден вид сатанизам кој е поврзан со египетската магија.

„Дај Боже да грешам, но сето тоа е благодарение на социјалните мрежи и платформите каде што многу луѓе ја шират приказната за енергиите, космосот, паганските божества“, вели Пастуовиќ.

Тој додава дека поддржувачите на овие верувања ја шират својата пропаганда и на овој начин успеваат да ја трујат младите луѓе.

„Тоа се злонамерни луѓе, ги шират своите глупости и намерно ги трујат децата. Тоа е зло“, рече тој.

Пастуовиќ напомена дека и претходно предупредувал за „сатанизам“, и дека во иднина ќе има уште такви случаи.

За жал, за да се спречи мора да се донесе закон, државата, црквата, полицијата, сите мора да се вклучат и да спроведат казни, заклучува сектологот.

Повеќе детали за оваа трагедија ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

За потсетување, според пишувањата на српските медиуми, цртежи од задгробниот живот од египетската митологија биле пронајдени на ѕидовите на куќата во Петроварадин каде без затекнати безживотните тела на децата на младата брачна двојка која скокна од облакодерот во Нови Сад.

Текстот во целост на: press24.mk