Објавена потерница за Шеваљ уште седум членови на „Дуќанџик“

0
114

Обвинителството за гонење на организиран криминал утре до Министерството за правда ќе поднесе барање за екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати на Шеваљ Муареми и уште едно лице кои се осоминчени дека биле дел од криминална група од Грчец инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства.

„ За лицето за кое покажувате интерес и за уште едно лице кое се наоѓа во ОАЕ во тек е превод на потребната документација на арапски јазик која се очекува да биде завршена во текот на утрешниот ден. По добивање на истата, документацијата ќе биде проследена до Министерството за правда на нивно понатамошно надлежно постапување. “ – Велат од обвинителтвото.

Од таму посочуваат дека на шести февруари побарале од Министеството за правда да се поведе постапка за екстрадиција и за осомничениот за овој предмет за кој беше објавено дека е уапсен во Шпанија и таму се наоѓа во екстрадициски притвор..

Инаку, по еден месец од големата полициска акција за разбивање на криминалната група, името на Шеваљ Муареми и на уште седум осомничени за овој предмет се најдоа и на листата на МВР на лица кои се бараат со меѓународна потерница. Сите се од општините Чаир и Сарај, а меѓу нив има и 20 годинишно момче. На сајтот се објавени пред неколку дена, но од полицијата велат дека тоа не значи дека не се барале и претходно.

За Муареми веќе е познато дека последната локација од каде објавуваше фотографии е Дубаи. Тој е осомничен како предводник на групата која убивала и пренесувала дрога, а беше откриен преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.

Во јануари годинава, МВР поднесе кривични пријави против 16 лица, но во Македонија беа уапсени шест. Тогашниот министер Спасовски рече дека во наредниот период ќе се приберат докази и за други кривични дела сторени од овие лица и дека јавноста ќе биде изенадена од имињата кои ќе ги слушне во следниот период, меѓу кои биле лица и од министрството, Од судови и други институции, но еден месец подоцна нема детали дали оваа истрага ќе биде проширена со нови имиња.

извор: Канал 5