Хрватска: Автобус полн со деца излета од патот, полицијата на терен

0
126

Aвтобус полн со деца излетал од патот кај Чазма, во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

Децата се здобиле со полесни телесни повреди, а на две се уште им се врши преглед. Според информациите, околу 20 деца се наоѓале во автобусот во моментот на несреќата. Како што пренесуваат хрватските медиуми, автобусот излетал од патот но не успеал да се преврти.

За среќа, како што наведуваат локалните хрватски медиуми, нема сериозно повредени.