Во август годинава на патарините наплатени се 7.804.840 евра

0
66

Во август годинава на патарините наплатени се 7.804.840 евра што претставува рекордна месечна наплата. Споредено со истиот месец минатата година наплатени се 241.329 евра повеќе, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски, кој денеска го посети Оперативниот центар во Петровец, соопшти прес-службата на ЈПДП.
Трајановски бил информиран дека продолжува трендот на зголемување на приходите по основ на наплата на патарини.
slobodnaevropa.mk