Пресудата за случајот „Беса транс“ треба да биде објавена денеска. Претходно во Основниот кривичен суд скопје се одржаа завршните зборови од процесот. Во случајот се обвинети едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса транс, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
Во завршните зборови, јавниот обвинител истакна дека Обвинителството надвор од секое разумно сомневање докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар.