Нема во градинка за деца кои не примиле Ди-те-пер вакцина

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја доби одлуката од министерот за здравство, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца градинки, кои не се имунизирани, или се нецелосно имунизирани со ДиТеПер вакцина.

Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник, 11 март, со издавање решение за забрана на прием на деца, кои не се имунизирани или се нецелосно имунизирани, како и други наложени епидемиски мерки. Исто така ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДиТeПeр вакцини. Освен, ова донесена е и уште една мерка, да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје – Скопје.

 

tv21.mk