На 08.03.2024 полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово во село Ранковце ги лишија од слобода А.А. (31) од Скопје, И.М. (23) од Крива Паланка, Д.С. од Скопје, М.А. (24) од Скопје и З.Р. од Скопје. Тие се сомничат дека извршиле кривично дело “Фалсификување пари” предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18 000 денари од истиот купиле 9 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра. Истите во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра. Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите 5 лица им е определен 30 дневен притвор.
Related Posts
Зеленски: Следните 24 часа ќе бидат клучни за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор со премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон оценил дека следните 24 часа ќе…
Позната причината за тешката сообраќајка во Грција, тројца загинати и 42 повредени
Тешката сообраќајна несреќа во Грција, во која загинаа три лица, се случила кога возачот на автомобил со грчки таблички заспал…
ЦУК: Меѓународна помош за пожарите во државата обезбедена со ЕУ механизмот на цивилна заштита
Србија: 1 хеликоптер (Agusta Bell 212) утрово во 9.45 слета на скопскиот аеродром Чешка: 1 хеликоптер (Black Hawk) со капацитет…