Градоначалникот на општина Карпош, а воедно и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски денеска изјави дека неговиот син и снаа поднеле барање за Извод од матичната книга на венчани лица, а добиле Извод од книга на умрените.
„Денот кога била правена нивната свадба е ставен како ден на нивната смрт. Можете ли да замислите овие млади луѓе, секоја година на што ќе ги потсетува годишнината од нивната свадба и во каков шок сега се наоѓаат? Оваа прес конференција што сега ја држам е уште една потврда зошто младите ја напуштаат Македонија. Не од економски причини, туку од лошо водење на институциите во државата. Јас сум длабоко убеден дека овој перспективен и талентиран кадар со име Дијана Антонијевиќ е вработена или од штабот на СДСМ или од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи не е Албанка не може да е на ДУИ“, истакна Јакимовски.
Јакимовски посочи дека економските причини за иселување веќе не се оние кои ги бркаат младите. Се давиме во хаос на секое поле.
„Со вакви перспективни и талентирани кадри е наполнета држвната и јавната администрација.
Имаме илјадници црни хумори со партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ и што е најбитно и на нив не им чини администрацијата во зависност дали се власт или опозиција.
Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, се друго резултат на 20 кампања и лепење плакати,“ изјави Јакимовски.