Собранието на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.
Со Законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи.Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите.