Новото детско игралиште во дворот на ООУ „Братство Единство“ кое Општина Охрид го опреми со донација на „Халк банка“ ќе придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици.
Упатив благодарност до генералниот извршен директор на „Халк банка“ АД Скопје, Билал Суџубаши со надеж за идна заедничка соработка. Овој проект треба да биде поттик и пример за останатите општествено одговорни компании, да се вклучат и да дадат придонес во активности кои се од големо значење за заедницата.
Претходно со поддршка на „Халк банка“, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, беше опремена сензорна градина во ООУ „Григор Прличев“, пишува градоначалникот Кирил Пецаков.