Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска одбележува 43 години од нејзиното формирање. По тој повод министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со членови на неговиот кабинет во кругот на Единицата присуствуваше на ова одбележување каде положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници и се потсети на жртвата кои тие ја дадоа за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава.
САЕ “Тигар“ е посебна единица во рамките на Бирото за јавна безбедност која е формирана за планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот, решавање на заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица, апсење на опасни криминални групи, решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје, обезбедување загрозени ВИП личности и објекти, давање асистенција во борбата против организираниот криминал, како и спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени.
„Ваквите специфични задачи бараат високо ниво на подготвеност и поседување на специјални вештини кои со гордост можеме да кажеме дека ги поседуваат нашите колеги припадници на оваа Единица, а нивниот успех во работата не задолжува како менаџмент и понатаму да продолжиме со обезбедување на соодветни услови за работа и дополнително зајакнување на кадровските и технички капацитети.“, потенцираше министерот Тошковски на средбата со раководството на единицата.