На 15.03.2024 во 10.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени 37 пакувања хероин и марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со хероин, марихуана, четири дигитални ваги и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Во консултација со јавен обвинител против лицето е поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определен притвор.
Related Posts
Голем број газди на компании се обиделе да го изиграат законот за работни односи, и да не им исплатат плати на работниците
Близу 300 газди на компании само годинава се обиделе да го изиграат законот за работни односи, и да не им…
Владата откако ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот најавува нова корекција со која тие би можеле повторно да раснат
Владата откако ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот во пресрет на празниците, најавува нова корекција со која тие би…
Поевтини горива од ноќеска на полноќ
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се намалува од 0,5…