(ВИДЕО) Нов напад на мечка во Словачка, две лица повредени

0
59

Две лица завршиле во болница откако биле нападнати од мечка во зграда во Липтовски Микулас, Словачка, соопшти итната помош.

Властите соопштија дека 49-годишна жена се здобила со повреда на рамото, а 72-годишен маж се лекува поради расекотина на главата. Локалните медиуми јавуваат дека полицијата ја избркала мечката надвор од градот во шумата.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како мечка трча по улица. Ова е втор ваков напад во Словачка за само неколку дена, пишува Би-Би-Си.

 

telegraf.rs