ВМРО ДПМНЕ: Црната листа на САД е удар за СДС, Јанева ја користеа за пресметка и реваншизам против неистомислениците, а Стевчо Јакимовски нивниот неформален коалициски партнер за пресметка со ВМРО-ДПМНЕ

Железната тупаница на СДС со која се фалеа дека ќе донесе правда, Катица Јанева денеска е прогласена за непожелна личност во САД, поради криминал и корупција.

Јанева која за СДС беше синоним за правда, од денеска се наоѓа на црната листа на нашиот стратешки партнер САД, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

СДС даваше најголема поддршка на СЈО и Јанева, злоупотребувајќи го судството и обвинителството за пресметка со неистомисленици.

Каде им се сега маичките со ликот на Јанева на функционерите од СДС денеска кога истата беше прогласена за непожелна личност на САД?

Воедно, и градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој излезе од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а направи неформална коалиција со СДС и Ковачевски, од денеска се наоѓа на црната листа на САД.

На СДС и Ковачевски устите им се полни со прозападни вредности, со проевропски фронт, а всушност се во коалиција со луѓе криминализирани до гуша.

Ковачевски само со такви корумпирани лица може да биде во коалиција.

Ставањето на црната листа на Јанева и Јакимовски и нивните смејства го потврдува она кое што ВМРО-ДПМНЕ изминатите 7 години јавно го говори, а тоа е дека институциите во Македонија наместо да функционираат во интерес на граѓаните, тие ги штитат криминалците.

Ставањето на црната листа на поранешната обвинителка Катица Јанева и Стевчо Јакимовски од ГРОМ покажува дека корупцијата цвета во Македонија.

На државата и е потребен целосен рестарт.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.