(ВИДЕО) Еди Рама турна новинарка, не му се допадна прашањето!

Албанскиот премиер Еди Рама денес за време на конференција за новинари оттурнал новинарка, откако, како што пишуваат албанските медиуми, не му се допаднало прашањето што му го поставила.

Како што пренесува албанскиот портал Газета10, рама ја оттурнал новинарката на телевизијата СИРИ, која му го поставила прашањето.

Новинарката го прашала Рама зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, додека во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватен инвеститор.

„Те молам не ме допирај повеќе“, кажала новинарката, а Рама заминал по физичкиот инцидент.

Рама тврди дека во спомнатиот проект државата го вклучила и интересот на албанските граѓани.