Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски во статус на социјалните мрежи ги демантира наводите на одредени медиуми дека тој наводно го напуштил состанокот на партијата поради незадоволство.
,,Ова не е точно, станува збор за целосна невистина. Наводите во текстот целосно ги демантирам. Ширење невистини нема да помогнат никому. СДСМ е силна и оди на победа на изборите”.
Инаку денеска на Конгрес СДСМ ги комплетира пратеничките листи, а претходно се одржуваат седници на Извршниот и Централниот одбор.