Тошковски на Матка присуствуваше на обука за спасување на брзи води организирана од УНДП во соработка со грчката амбасада

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на кајакарската патека на диви води на Матка беше присутен на обуката за спасување на брзи води и поплави која е дел од проектот за подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион во организација на Канцеларијата на УНДП во соработка со грчката амбасада, а со финансиска поддршка на Владата на Швајцарија.
Самиот проект од аспект на Министерството за внатрешни работи има двослоен ефект, прво заради неспорната корист од стручно оспособување на полициските службеници од САЕ “Тигар“ за постапување во такви специфични кризни околности, а второ заради бенефитот во делот на спасување на човечки животи кој има хумана и благородна димензија.
Благодарност до организаторите за конкретната поддршка и помош изразена во осмислувањето и реализацијата на овој проект, преку кој припадниците на МВР ќе се стекнат со квалитетни знаења и вештини како адекватно да одговорат во превенцијата и спасувањето на животи и материјални добра.