Следните денови висок УВ ИНДЕКС, како и топол јужен и југозападен ветер кој повторно ќе предизвика транспорт на прашина и песок од Сахара

0
62

Висок УВ ИНДЕКС со коефициент 7, како и топол јужен и југозападен ветер не очекува за време на овој викенд, како и во понеделник. Токму поради повторното изразено јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија повторно ќе се врши транспорт на прашина  и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, особено во недела  и во понеделник, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.