Режисерот Кристофер Нолан ќе ја добие титулата витез

0
53

Британско-американскиот филмски режисер, продуцент и сценарист Кристофер Нолан ќе ја добиe титулата витез, а неговата сопруга, филмската продуцентка Ема Томас, ќе ја доби титулата дама од Велика Британија за достигнувањата на полето на филмот, пренесува Анадолу.

Почесните титули се доделуваат формално на церемонија во Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон, најчесто од страна на британскиот монарх.

Претходно овој месец Нолан го освои својот прв Оскар за најдобра режија за „Опенхајмер“, драматичен биографски филм за пронаоѓачот на атомската бомба.

„Опенхајмер“ ги освои годинашните Оскари во Холивуд на 11 март, освојувајќи седум статуетки, вклучително и главната награда за најдобар филм.

Претходно, 53-годишниот режисер беше номиниран за шест награди Оскар, но до оваа година нема добиено Оскар за режија.

Извор:Анадолу.

фото:Анадолу.