Пронајдено телото на момчето Емил, кое минатата година исчезна во Франција

0
77

Според француските медиуми, полицијата го пронашла телото на момчето Емил, кое исчезна во Франција во јули минатата година.

Како што објави францускиот либерасион, во соопштението за медиумите објавено на 31 март, обвинителот објави дека посмртните останки на момчето биле пронајдени во близина на селото каде што исчезнало. Генетската анализа покажала дека се работи за Емил.

„На 30 март 2024 година, Националната жандармерија беше информирана за откривање на коски во близина на селото Верн“, се вели во соопштението. Истражувачите извршија генетска идентификациска анализа што доведоа до заклучок на 31 март дека тоа се коските на Емил С.

Исчезнувањето на малиот Емил

Емил последен пат е виден на 8 јули 2023 година, околу 17:15 часот, во единствената улица од овој мал град со 25 жители, кој се наоѓа на надморска височина од 1.200 метри, на падините на масивот Троа-Евеш. Детето дошло на одмор во викендицата на баба му и дедо му кога исчезнало.

Според официјалната обнова на настаните, која ја потврдија роднините на исчезнатото момче, Емил на денот на неговото исчезнување бил без надзор само неколку минути.

Имено, тој ден неговите баба и дедо го оставиле сам во градината, додека пакувале работи за пикник во природа на кој требало да одат секој момент.

Меѓутоа, кога излегле во дворот од куќата да го повикаат малиот, тој го немало. Како што изјавиле, мислеле дека отишол до автомобилот. Но, ниту таму не го нашле.

Веднаш ги повикале родителите на Емил, а потоа и полицијата. Официјалната потрага започнала околу 17:15 часот, кога членовите на семејството, полицијата, итната помош и локалните жители тргнале да го прегледаат просторот околу куќата и селото.

Последен пат бил виден како излегува од дворот од куќата на баба му и дедо му и оди во непознат правец. Ова во полиција го кажале две лица, кои исто така велат дека после тоа „го изгубиле од вид“.

Потрагата првично опфати територија од пет километри, но по првиот ден беше проширена. Потоа и се придружија хеликоптери, дронови со термални камери и кучиња за следење, како и повеќе од 500 волонтери.

Покрај тоа, од хеликоптерот преку разглас била емитувана порака од неговата мајка. Целта била да се натера момчето да реагира доколку се крие некаде.

Во претресот учествувале 800 жандарми, претресени се сите куќи во селото, а полицијата ги повикала сите што имаат некаква информација да се јават.

Надлежните на социјалните мрежи и радиодифузерите објавија фотографија и опис на детето на кое се гледаат кафени очи и руса коса.

 

извор: 4news.mk