Приведен свекот кој си ја истепал снаата

Вчера во 15.45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Е.З.(74) од тетовско село, кој половина час пред тоа бил пријавен од неговата 36-годишна снаа дека физички ја нападнал.

Лицето е задржано во полициска станица и се работи на расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.