Видео од местото на пукањето врз градоначланикот на Арачиново

Во престрелка недалеку од Скопје извршен е напад врз градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими, при што се ранети се две лица.

По информацијата дека со автоматска пушка е пукано во градоначалникот на Арачиново, на социјалните мрежи се појави видео од местото каде што се пукало, објави српски „Блиц“.

Видеото на следниот ЛИНК.

Директорот на скопската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Љубен Арсенков, изјави дека во таа болница е донесен 39-годишен маж со прострелна рана во пределот на рамото, која ја добил при пукање во Арачиново.

Станува збор за машко лице, истиот е надвор од животна опасност и е сместен на одделението за интензивна нега. Лицето било донесено пред околу еден час, при што се здобило со прострелна рана во десното рамо“, изјави Арсенков за агенцијата МИА.

МВР претходно соопшти дека со огнено оружје било пукано во автомобилот на претседателот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, додека во возилото биле неговиот возач и општинскиот вработен.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за МИА потврди дека во пукотницата биле погодени возачот на градоначалникот и уште едно лице вработено во општината.

Пукањето во возилото на градоначалникот на Арачиново се случило околу пладне, полицијата е на терен и врши увид.

Дел од медиумите потсетуваат дека градоначалникот Ибраими и претходно пријавил закани во полиција, а пред две години бил физички нападнат.