Силјановска-Давкова води повеќе од двојно пред Пендаровски во втората и шестата изборна единица

0
52
Според анкетата спроведена од ИПИС во месец март, а објавена во емисијата Објектив на МРТ кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова го одржува константното водство пред Стево Пендаровски и во новата анкета во изборните единици 2 и 6.
Во ИЕ 2 најголем број од испитаниците ја поддржуваат Силјановска Давкова со 23%, по неа следи
Пендаровски со 14,1%, па Османи со 7,6%, Димитриевски со 7,4% и Таравари со 6,6% од анкетираните. За Ванковска поддршка дале 4,8%, а за Јакимовски 1,5%, додека пак за неден кандидат одговориле 8,5%, не сакале да кажат 17,4% и немале одговор 9%.
Во шестата изборна единица во месец март на прашањето за кој претседателски кандидат би гласале на претстојните избори најголем број испитаници, односно 25,5% одговориле дека би го поддржале Таравари, за Османи би гласале 22,4%, за Силјановска Давкова 9,4%, за Пендаровски 6%, а за Димитриевски 2,5%. Ванковска и Јакимовски имаат поддршка под 1%, за ниеден рекле 14,3%, не сакале да кажат 13,4%, а немале одговор 5,7%.