Спуштање на значително поларен воздух од Атлантикот

0
68

Како што веќе подолго време прогнозираме, и предупредуваме, од средината на овој месец ни доаѓа голема промена навремето, а се поизвезен е и првиот задоцнет зимски удар на Балканот, па и во Македонија.

Според познатиот метеоролог Дино Дундиќ од Хрватска, снежната граница би можела да се спушти дури и до 800 метри надморска височина.

Сето ова е поради спуштањето на значително поладниот воздух од Атлантикот, па преку северозападна Европа и ќе пристигне  и до нашите делови од Европа. Секако овој ладен бран ќе зафати голем дел од Европскиот континент и ќе донесе потпросечни температури на воздухот.

Иначе и јас во последната метео објава околу оваа очекувана промена на времето од средината на овој месец, најавив дека се поизвесно е да имаме потпросечни температури на воздухот, но и поладно време од или по 15 месецов, со почести врнежи од дожд, па  и снег на планините, стои во најновата метео анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.