Празнична честитка од градоначалникот Пецаков за граѓаните од исламска вероисповест

0
28

Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Кирил Пецаков. упати  честитка до граѓаните на Охрид со исламска вероисповед.

– Ви посакувам овој голем празник да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните. Преку меѓусебното почитување и толеранција, овој голем празник, ги потврдува универзалните вредности на човекољубието и заедничкото во различните верски определби.

Веруваме дека граѓаните со исламска вероисповед од Охрид, како нераскинлив дел од македонското општество и натаму ќе бидат активни чинители во градењето на заедништвото и меѓусебно разбирање – се вели во честитката на градоначалникот Пецаков.