СЛЕДУВА МНОГУ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: За време на викендот, во регионот ќе падне еден од најголемиот снег за оваа година

Студениот бран што ја зафати речиси цела Европа, вклучувајќи го и Балканскиот Полуостров ќе се задржи и во следниот период. Во регионот за време на викендот, и тоа особено на планините се очекува да падне и еден од најголемиот снег за оваа година, и тоа во Босна и Херцеговина. Во оваа земја снег ќе има и на пониските места (градовите).

На планините се очекува да се формира до, па и над 30 cм снежна покривка, а снежна покривка понекаде ќе се формира и во градовите.

Инаку кај нас во Македонија нови обилни врнежи од дожд на повеќе места ќе има особено во недела, додека на планините и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат од снег, со што ќе се формира и снежна покривка. Детална анализа околу ова ќе имаме во текот на утрешниот ден, кога се ќе биде многу појасно, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

meteoalarm.mk