Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ

Првичните неофицијални резултати од првиот круг на Претседателските избори Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објави околу полноќ.

Ние во 19:30 часот имаме уште една прес-конференција на која ќе биде соопштена вкупната излезеност на првиот круг на Претседателските избори. Со оглед дека податоците ги добиваме од Општински изборни комисии со помош на ИТ лица се надеваме дека пред полноќ ќе ги имаме резултатите во над 50 проценти и ќе може да ги објавиме, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски попладне на прес-конференција.

Тој прашан дали има податоци за прекин на гласањето на одредени гласачки места истакна дека официјални приговори и податоци има само за три избирачки места во Куманово, едно каде бил изгубен печат, а на две поради тоа што не работел уредот за биометриска верификација.