Фасцинантно: „Седмица“ лани продаде сендвичи за 5 милиони евра!

ГРАЃАНИТЕ НЕ ОСТАНАА ГЛАДНИ: 7-ца НАПЛАТИ 5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СЕНДВИЧИ И НАПРАВИ ДОБИВКА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА!

КАКВИ ПЛАТИ ДАВАШЕ?

Како да добила седмица на Лото, мината година популарната „Седмица“во чија сопственост се повеќе сенвичари и еден ресторан, направила профит од 1 милион евра и продала сендвичи (и нешто плус во ресторанот) за дури 5 милиони евра!

Но, за волја на вистината, фасцинантни резултати се редовна појава во работењето на„Фаст фуд 7“. Тие одлично работеле и во 2022 година кога направиле промет од 4,3 милиони евра и профит од над 730.000 евра. И да се оди наназад секогаш ќе се видат одлични заработки….

Пред сендвичарите на „Седмица“ обично секогаш има големи редици. Но, од компаниите се доследни на својата стара пракса, па на нивната веб страница напишале: „Не примаме онлајн нарачки, не вршиме достава“. Компанијата  го применува и стариот традиционален начин на плаќање, па не прима платежни картички, односно се води по онаа старата „Пара на рака, Мара за рака“.

Според истакнатото мени, најпознатиот хамбургер со плескавица чини 220 денари, а со пилешко е 240 денари.

Порталот „Пари“ во сорабтка со Платформата Бизнис мрежа, како и секогаш, прави анализа и колку работниците им се „трошок“ на компаниите. Податоците покажуваат дека лани просечната нето-плата била 32.890 денари, што е за 15,6% повеќе отколку во 2020 година кога била 28.450 денари. Забележано е и зголемување на вработени, од 86 на 95.

„Седмица“ го добила своето име по датата кога почнала со работа – 7 септември 1987 година. Таа, сега таа господари со сендвичите во Скопје веќе 37-ма година.

извор: pari.com.mk