Десетици илјади луѓе присуствуваат на комеморацијата и на испраќањето на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хусеин Амир-Абдолахијан и други официјални лица што загинаа во хеликоптерската несреќа, јавува Анадолу.
Раиси ќе биде погребан во четврток во североисточниот град Машхад.
Хеликоптерот во кој се наоѓаа иранскиот претседател Раиси и министерот за надворешни работи Хусеин Амир-Абдолахијан, гувернерот на Источен Азербејџан, Малик Рехмати, и водачот на петочната молитва во Табриз, имамот ајатолах Ал-Хашем, се урна во неделата поради временските услови на враќање од церемонијата за отворање брана на границата со Азербејџан. Подоцна беше потврдено дека нема преживеани во несреќата.
Мухамед Мохбер, првиот потпретседател на Иран, е именуван за вршител на должноста претседател вчера, по потврдувањето на смртта на Раиси.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.