Во судир на автобус и камион во местото Стублине кај Обреновац, едно лице загина, а 17 лица се повредени, јави дописникот на МИА од Белград.
Судирот се случил во 10.05 часот. Шест повредени лица се пренесени во КБЦ Бежанијска коса, додека 11 лица се во Здравствениот дом во Обреновац.
Според првичните информации загинатото лице е возачот на автобусот кој починал на самото место.
Повреден е и возачот на камионот кој учествувал во сообраќајната несреќа.
Сообраќајот на тој дел од патот е во прекин. Полицијата врши увид теренот.