Најмалку четворица мртви во терористички напад во трговски центар во Сиднеј

0
57

Најмалку четири лица загинаа, а има и повредени во оружан инцидент во трговски центар во Сиднеј близу познатата плажа Бондај. Австралиската полиција потврди дека меѓу убиените е и напаѓачот.

Трговскиот центар „Бонди Вестфилд“ е евакуиран откако маж почнал да напаѓа со нож, а дел од локалните медиуми јавуваат и за пукотници.

Државната полиција на Нов Јужен Велс соопшти дека полициската операција е во тек, но не соопшти повеќе детали.