Продолжува спасувањето на затрупаните во кабините, едно лице загина при пад на жичарницата во Анталија

0
38

Едно лице загина, а 10 се повредени кога кабина удрила во потпорен столб во кој се наоѓала жичара во близина на турското летувалиште Анталија, соопштија турските власти.

Еден од столбовите на жичарницата Тунектепе вчера од засега непознати причини се урна, а осум лица во кабината, која се распадна по ударот во столбот, паднаа на карпеста површина.

Во несреќата загина едно лице, а при падот на кабината се повредени седум лица, меѓу кои две деца, додека при евакуацијата се повредени уште три лица, јавува турскиот телевизиски канал НТВ.

Турските власти испратија хеликоптери опремени за ноќно набљудување во операцијата за спасување на 184 лица кои беа заглавени во 24 кабини на жичара, соопшти синоќа градоначалникот на Анталија Мухитин Бочек.

Anadolu Agency јавува дека утрово е соопштено дека се евакуирани 59 лица заробени во 10 кабини на жичарница и дека спасувањето продолжува.

На терен се испратени противпожарни, полициски, медицински и спасувачки екипи, а денеска продолжуваат да работат на евакуација на затрупаните лица од преостанатите 14 кабини на жичарницата.

 

telegraf.rs