Скопје беше зафатено од големо невреме проследено со пороен дожд и силен ветер. Невремето предизвика големи штети.
Од службата за итна медицинска помош за агенцијата Миа информираат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозни повреди.
Невремето поплави улици, паркинзи, подруми, гаражи, а имаше и паднати покриви од згради, билборди, како и многу искршени дрвја.
Работите излегоа од контрола во Ест Гате Моли pic.twitter.com/72DYYC3Wdv
— Боемот 2.0 (@boemot_mk) August 30, 2022
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вечерва свика и итна седница на Кризниот штаб на градот на која треба да се расправа за последиците од невремето.