Образованието беше, е и мора да остане врвен приоритет на македонската држава. Во Европската Унија и во светот ќе нѐ почитуваат ако развиваме квалитетно, компетитивно образование и наука, ако ги негуваме, ако ги наградуваме најдобрите. Образованието мора да го осовремениме, мораме да го приспособиме на светските текови, мора да го димензионираме во согласност со реалните потреби на пазарот на трудот.
Мора да зајакне врската меѓу образовните институции и компаниите. Мора да вложуваме во истражувањето и во развојот. Така ќе ја намалиме невработеноста, така ќе го запреме егзодусот на најумните, најпотребните, напиша претседателката во својата објава на ФБ.