Мицкоски: Свети Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење, пред 1100 години ја испратија универзалната порака на единство, посветеност и образование кое има моќ да ја менува реалноста

0
92
Кога ќе кажат Македонија е земја без историја или незнаат ништо или намерно и свесно се прават неми пред вистинските паметници на нашата историја која е и длабока, и голема и вкоренета во кодот на секој наш човек.
Погледнете го овој манастирски комплекс пред нас, кој вековно опстојува и памети бури и искушенија. Недалеку овде е и Плаошник, подоле Св. Наум и стотина други храмови кои говора зошто нашата историја е скапа и посакувана. Ќе ја сочуваме само ако го продолжиме делото на Св. Кирил и Методиј, само доколку самите создаваме шанси и се бориме за нескршливо единство, да делуваме како едно, сите обединиети како еден. Болката на нашиот пријател е и наша болка. Проблемот на нашиот сосед е и мој проблем. Искушенијата низ кои минуваат нашите деца се и наши искушенија. Само така ќе го постигнеме прогресот во кој веруваме и иднина каква што сакаме да ја имаме.
Македонија ќе биде повторно твоја, наша заедничка. Нека е за многу години празникот. Бог да ја благослови нашата Македонија.